Новиот изум на Ipifini – шише
со можност за програмирање, содржи копчиња на неговата површина така
што испушта адитиви(вкусови, бои, мириси) при конзумирање на течноста.
Новиот изум на Ipifini – шише со можност за програмирање, содржи копчиња на неговата површина така што испушта адитиви по избор(вкусови, бои, мириси) при конзумирање на течноста.
Различните копчиња му дозволуваат на корисникот да избира варијации на течноста во моментите на конзумација. На пример, програмирано кола-шише со копчиња за вкус на лимон, лајм, ванила и цреша, како и копче за кофеин, овозможува 32 различни потенцијални избори на сода. Програмерскиот контејнер кој има 20 пигментски адитиви пак, овозможува избор на повеќе од милион бои.
„Изборот при самата конзумација создава извондредни предности за потрошувачите, како и за производителите“ – вели ко-инвенторот Глен Вахлер.
Оваа технологија го симплифицира производството, дистрибуцијата, промоцијата и продажбата дозволувајќи единствен контејнер/шише како замена за серија различни продукти.
Компанијата Ipifini е во процес на лиценцирање на својата технологија на водечките компании за храна и пијалоци.