Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл развиле компјутерски програм кој е во состојба од една фотографија на бебе да создаде слика која прикажува како истото ќе изгледа низ различни фази од животот.Лицето на малото дете драстично се менува со годините и многу е тешко да се прогнозира како ќе изгледа кога ќе порасне, пишува Wired.
“Illumination-Aware Age Progression”, програм кој го развиле научниците Ajra Kemelmaher-Slicerman, Supasorn Suvajanakorn i Stiven M. Seic собира илјада фотографии од луѓе во одредена возраст и на основа на нив рачуна како би требало да изгледа бебето во иднина.
Со помош на програмот може да се види како истото ќе изгледа кога ќе има околу 80 годни.