Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје

Центарот за јавно здравје денеска прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на Скопје. Како што велат тие, епидемијата има тенденција на зголемување,а половина од заразените се деца до четири години, додека  останатите се на возраст меѓу 20 и 40 години.

Од 6 јануари досега лабораториски се потврдени 25 случаи со морбили. Веќе има најава за нови три до четири случаи во текот на денот.

Имено, последните осум случаи се епидемиолошки поврзани, што значи дека заболувањето почнало да се шири преку блиски контакти и тоа главно во семејствата, така што се создале услови за прогласување епидемија.

- Реклама -