Професионален чекач

33016883people-in-line-at-usps[1]

Според резултатите од истражувањата, Италијанците, во просек, трошат 400 часа годишно чекајќи во редови. Вака изгубеното време, се проценува, ги чини околу 40 милијарди евра.

Плаќањето сметки, при што обично има најголеми редици, знае да биде и многу исцрпувачко, особено ако чекањето е неколкучасовно или сте кратки со време. Затоа, еден Италијанец реши од тоа да направи бизнис.

Џовани Кафара дошол до таквата идеја пред две години, кога, како и милиони други негови сограѓани, секој пат чекал ред во Милано за да ги плати своите сметки. Кога ја изгубил работата, му паднало на памет дека истото може да го прави и за другите.

Решил да отвори своја фирма и поделил летоци со кои ги рекламирал своите услуги. Набрзо пронашол неколку десетици клиенти кои радо чекале да ги искористат неговите услуги. Тоа воглавно биле компании кои воглавно сакале нивните вработени да го потрошат времето на нешто многу попродуктивно, наместо во чекање на редови за да ги платат компаниските сметки. И така, Кафаро добива нова професија.

Како идеја, од друга страна, воопшто не е нова; со децении наназад, богатите Италијани најмуваат луѓе да стојат во редици на нивно место, да праќаат пакети и да се бават со секаква секојдневна бирократија; но, Кафаро оваа професија ја развива до посебен облик, во бизнис со правна основа, со стандардизирани договори и минимална плата (10 евра по час чекање), но и со осигурување во случај на несреќа.

За новите вработени, Кафаро нуди петчасовен онлајн курс преку Скајп, курс кој подразбира учење на досадните барања на локалните и централните власти околу документите, потписите и давачките.

Во меѓувреме, италијанската влада проба да ги скрати чекачките редови. Граѓаните можат да земат идентификациони броеви со кои им се овозможува пристап до јавните служби преку Интернет. Меѓутоа, тоа многу многу не ја олеснува ситуацијата, особено што Италијаните се „фискално срамежливи“. Италија има една од најниските стапки на неготовинско плаќање во Европа (Италија има и една од најголемите сиви економии во богатиот свет). Сé се ова добри вести за Кафаро.

- Реклама -