Продолжува експанзијата на Seavus во регионот: oтворена уште една канцеларија во Србијa

Продолжува трендот на ширење на најголемата македонска ИТ компанија Seavus. Oфицијално од овој месец започнува со работа и новата канцеларија во Нови Сад, Србија.

Ова е втора канцеларија на Seavus отворена годинава, по онаа во Крагуевац на почетокот на 2014 година.

Технологијата на која примарно но не и ексклузивно ќе се фокусираaт експертите од новата канцеларија е Еmbedded technology или Технологија за напредни вгнездени системи, наменета за интернационални клиенти.

Ова е четврта канцеларија на Seavus во Србија, a единаесетта по ред во светот, следејќи ја веќе најавената стратегија за експанзија во регионот на Југоисточна Европа.

***
Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 500 ИТ експерти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат над 3500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

- Реклама -