Во јуни, инженерите на Google го претставија Nexus Q, црна топка која требаше да стримува видео и музика.
Ова беше првиот обид на Google за создавање на сопствен хардвер – и тоа во САД – кој Google го нарече „третиот бран на потрошувачка електроника“. Но минатата недела, само пет недели по најавувањето, Google ја одложи продажбата на направата на неодредено време.
Иако Google не ризикуваше многу со Q, сепак овој неусепх открива подлабоки предизвици за џинот во обидот за навлегување во две нови области: хардвер и социјална технологија. Хардверот за Q, кој Google го создаде во фабрика во Сан Хозе, Калифорнија, е добро прифатен, но оние кои го тестирале гаџетот велат дека тој не прави доволно работи – а за она што го прави, 299 долари е превисока цена.
Единственото објаснување кое компанијата го даде за одложувањето беше дадено во писмо до луѓето кои веќе го нарачале. Во писмото биле приватени критиките на тестерите и било додадено: „решивме да го одложиме лансирањето на Nexus Q додека не го направиме уште подобар“. Оние муштерии кои веќе го имале нарачано ќе го добијат бесплатно. [Google goes back to the drawing board for Nexus Q]