Продава бубрег за да плати за удрениот Rolls-Royce на руски олигарх

rolls

Рускиот возач кој пред неколку месеци беше снимен како со својата Лада удира во Rolls-Royce, сега се обидува да продаде еден од бубрезите, за да ja покрие огромната сметка за надоместок на штетите.

Сообраќајните камери во Челјабинск, Централна Русија, го фатија Владислав Кантемиров како поминува на црвено и се удира во луксузното возило кое во моментот ја поминува раскрсницата.

Кантемиров ја призна вината и сега мора да прибегне кон очајни мерки за да може да ја плати огромната сметка за штетата на луксузниот Rolls-Royce во износ од 5 милиони. рубљи (77.450 долари). Месечната плата на Кантемиров е 44.000 рубљи (680 долари).

Од судската наредба за покривање на штетата нема бегање, а Кантемиров не гледа друг начин да избегне банкрот и затвор, освен да го продава бубрегот (кој на црниот пазар обично чини 75.000 долари, што пак нема да му стигнат). Во меѓувреме, Лада-та на Кантемиров е целосно оштетена во инцидентот. 

Во Rolls-Royce-от (модел Phantom) пак, се возел бизнисменот Александар Артисов – олигарх и член на локалниот парламент.

Засега не е јасно дали тој т.е. неговата компанија, која официјално е сопственик на автомобилот, или осигурителната компанија инсистираат Кантемиров да ја плати штетата.

Во меѓувреме, обичните руски смртници прават напори да соберат средства и да му помогнат на Кантемиров да ја плати сметката, веројатно мотивирани од веста што се обелодени во јавноста – дека Артисов не ѝ плаќа алиментација на бившата сопруга.

- Реклама -