Продал се што имал, а сега ужива во мир на Карибите!

Изморен од товарот на животот на тазе разведен 50-годишник, Ијан Aшер решил да го продаде својот живот (се што имал) преку eBay и да ја напушти цивилизацијата. Потекнува од Дурхам, Велика Британија, а живеел и работел во Австралија, се додека во 2008-та, не ја продал работата, автомобилот и моторот. Успеал да собере 216.000 фунти, со кои сам си изградил куќа на… Карибите! Оттогаш, тој е најсреќниот човек на светот, како што самиот тврди.

„Секогаш сум имал авантуристички дух и сакам да планинарам, да возам кану и да нуркам“, вели тој. А во домот на обалата на Панама има доволно време за сите овие активности. Нема струја и вода, но сам си готви и ужива во кокосот, ананасот, шеќерната трска и бадемите што сам ги одгледува. Чува и 10 кокошки од кои добива јајца, а купува и риба од локалните рибари.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

ianuser_1393014876_670x0[1]

Заработува единствено од продажба на своите книги на еBay (има напишано две), а најголем дел од денот поминува лежејќи на плажа. Кога не лежи, Ијан ужива во пливање, читање и во обработка на својата земја.

Во најблискиот град (на 20 минути со чамец), Ијан пронашол и нова љубов, неговата девојка Ванеса Андерсон, која без многу проблеми му се придружила на островот. „Единствено што и недостасува е капучино“ – се шегува Ијан.

„Ништо не би менувал“, вели „бунтовникот“. „Секогаш сметав дека животот треба да биде авантура“. И баш таа авантура ја живее.

- Реклама -