Докажано го намалува нивото на холестерол во крвта, ги засилува ѕидовите на крвните садови и е добар за превенција од рак. Овој коктел доаѓа во пакет со силни антиоксидантски својства и воедно ја подмладува и чисти крвта, па затоа нема причина да не го пиете, особено во пролет.
Рецептот нема да ве чини многу, а состојките ги има безмалку во секоја кујна.
Подготовка:
Одвојте 4 чешниња лук и излупете ги. Исечете 4 лимони на кришки, без да ја отстранувате кората.
Лимонот се става во вода што врие и се вари 10 минути. Кога лимонот ќе се извади и малку ќе се олади, се меле заедно со лукот.
Добиената смеса се става во чист сад и се прелива со 3 литри провриена вода. Садот се поклопува и се остава во фрижидер да отстои 3 дена. По 3 дена, коктелот е подготвен за употреба. Се чува во фрижидер сé додека не ја употребите целата количина.
Употреба:
Се пие така што пред секој оброк, три пати дневно, на празен желудник, се земаат по лажица-две од коктелот. Дозата постепено се зголемува, се додека не стигнете до 50 милилитри од напитокот пред секое јадење.
Третманот треба да се повторува 40 дена, но не повеќе од еднаш годишно.
По употребата очекувајте генерално подобрување на организмот и поголема виталност.