Прочистете го домот од негативна енергија, со помош на кора од портокал

Портокалите можат одлично да послужат за прочистување на домот од негативна енергија и да го ослободат просторот во кој поминувате најмногу време. Фенг шуи учителите не учат како да го направиме тоа…Дознајте.

Според Фенг шуи начинот на живот, корите од портокалите се одличен начин да го исчистите домот од негативната енергија и да ја вратите хармонијата во целиот дом. Единственото што ќе ви биде потребно за овој мал ритуал на чистење на домот од негативна енергија се: 3 свежи портокали, вода, стаклена чинија и свежо цвеќе.

ПОСТАПКА:

1. Излупете ги портокалите и поделете ја кората на 9 парчиња. Ставете ги во чинија и прелијте ги со жешка вода.

2. Потоа, повторувајте ја следнава позитивна афирмација: „Со оваа церемонија си оди негативната енергија, а ја заменува позитивната“.

3. Ставете ја чинијата на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Испрскајте ја цела куќа со таа вода и повторувајте ја својата одбрана мантра и позитивна афирмација. Поминете низ дите девет сектори во вашиот дом и не ги пропуштајте орманите.

4. Водата и корите фрлете ги, а портокалите може да ги изедете.

5. По ова Фенг шуи чистење, отворете ги прозорите и вратите како би го исполниле својот дом со свежа Чи енергија.

6. Поставете свежо цвеќе во централниот дел од собата или домот. Во наредните девет дена три пати заменете ги цвеќињата. Нека тоа биде на секои три дена, а последниот букет нека остане додека не овене.

pomorandza-foto-profimedia-1420985888-606744

- Реклама -