Проблеми за Артета, Арсенал го загуби и Одегард

Арсенал е во паника откако синоќешната повреда на капитенот Мартин Одегард против Австрија може да го остави тимот без клучни фигури од средниот ред за неделното дерби со Тотенхем.

Норвежанецот си замина со проблем со скочниот зглоб и раните знаци не се добри, па голема е веројатноста дека нема да може да се опорави.

– Се работи за истегнување. Ќе видиме каква ќе биде неговата состојба утре и потоа ќе процениме како да постапиме, изјави докторот Ола Санд.

Против „петлите“ не може да игра новото засилување Микел Мерино, кој има повреда на рамото, како и суспендираниот Деклан Рајс.

Прив ваква ситуација, во оваа област Артета може да се обложи на Леандро Тросар или Олександр Зинченко или пак да го пресели Хаверц поназад, иако Германецот игра одлично во нападот.

- Реклама -