Пристигна Google TV (видео)

google-tv-260Последниве месеци слушавме многу за Google TV проектот односно за најавите дека интернет гигантот ќе се обиде да ги обедини сурфањето на интернет и телевизиските канали. На последната Google I/O конференција, Google и официјално го претстави овој проект.


Последниве месеци слушавме многу за Google TV проектот односно за најавите дека интернет гигантот ќе се обиде да ги обедини сурфањето на интернет и телевизиските канали. На последната Google I/O конференција, Google и официјално го претстави овој проект.

Google соработуваше со Intel, Sony и Logitech за проектот Google TV. Google TV, кој ќе се продава во форма на телевизиски сет, имено не е дизајниран за да ја замени кабловската или сателитската телевизија, туку да функционира покрај нив: целта е да се овозможи да се гледаат веб содржини и телевизија едно покрај друго од еден ист интерфејс. Тоа би значело дека телевизорот би се претворил во огромен монитор на кој може да се „гуглаат“ омилените телевизиски програми, филмови или да се гледаат видео материјали од интернет. Покрај тоа, сетот ќе овозможи да се симнуваат и апликации на телевизискиот приемник. Googlе TV на пазарот ќе се појави следната есен вграден во телевизиските приемници и уредите на Sony и Logitech односно во облик на телевизиска кутија поврзана со тастатура и глувче. ТВ апаратите ќе работат на оперативниот систем на Google, Android.

{youtube}diTpeYoqAhc&{/youtube}
[Announcing Google TV: TV meets web. Web meets TV.]
- Реклама -