Пристигна донацијата од 30.000 вакцини од Турција, Филипче му се заблагодари на Ердоган за експресната испорака

Денеска напладне пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“, како донација од пријателска Турција.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изрази голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ, како што нагласи, за експресната испорака на ветената количина.

Оваа донација е многу значајна за нас, а вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата, додаде Филипче.

Како што соопшти Министерството за здравство, вакцинацијата продолжува да се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега се аплицирани вкупно 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден, вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Прва доза примиле 1.455 граѓани.

До денес, на веб платформата vakcinacija.mk се пријавиле 444.898 граѓани.

Како што посочуваат од МЗ, со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 48% од населението над 70 години, 42% од населението над 65 години, односно 35% од населението над 60 години. МЗ и Филипче апелираат и останатите граѓани да се пријават за вакцинација.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Во однос на епидемиолошката состојба во државата, според податоците на МЗ, во претходното деноноќие се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:
• Скопје – 16
• Куманово – 9
• Тетово – 2
• Прилеп – 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица: 3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).

Регистрирани се 23 оздравени пациент од:
• Скопје – 15
• Охрид и Струга – по 3
• Куманово и Кочани – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во државата, од почетокот на епидемијата, изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

- Реклама -