По скратена постапка, со 91 глас „за“ и само 2 „против“ денеска Американскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.
Со тоа САД станаа 25-тата земја за 9 месеци што го ратификува Протоколот. Остануваат парламентите на Исланд и Холандија и Сенатот во Франција, но и парламентот во Шпанија, што сѐ уште е неизвесно поради распишаните вонредни парламентарни избори закажани на 10 ноември. Самитот на НАТО, пак, е закажан за 3 декември, во Лондон.
Американската амбасадорка во земјава – Кејт Брнс, беше меѓу првите што ја честитаа ратификацијата.
„Многу сум задоволна од убедливата поддршка што ја видовме во нашиот Сенат за ратификација на пристапниот Протокол за Северна Македонија во НАТО. Ова е резултат на многу напорната работа и посветеноста на инвестирање во иднината. Со задоволство продолжуваме да го развиваме и продлабочуваме партнерството меѓу нашите земји“.
So pleased to see the overwhelming support in our Senate for U.S. ratification of North Macedonia’s @NATO accession protocol. This is the result of much hard work & commitment to investing in the future. Looking forward to continuing to develop & deepen our countries’ partnership pic.twitter.com/UuRLntTz9D
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) October 22, 2019
Со слична честитка се огласи и Американската амбасада во земјава на Фејсбук, додавајќи дека со нетрпение очекуваат да ја пречекаат земјава во блиска иднина како 30-ти сојузник во НАТО.
Благодарност и честитки од македонска страна изрази и Претседателот Стево Пендаровски:
„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO 🇲🇰🇺🇸 “, напиша тој на Фејсбук.
„Честитки! Нашиот #НАТО Протокол е ратификуван во Сенатот на САД со 91 глас “За” и само 2 гласа “Против”!
#WeAreNATO #MkinNATO “, напиша и министерката за одбрана – Радмила Шекеринска, на Твитер.
Честитки! Нашиот #НАТО Протокол е ратификуван во Сенатот на САД со 91 глас “За” и само 2 гласа “Против”! #WeAreNATO #MkinNATO pic.twitter.com/nLTA8N152O
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) October 22, 2019