Луѓе работат многу понеблагодарни работи од твојата и мојата, ама некако звучи дека оваа е врвот, или поточно, дното. Професија на Бангладешанецов му е да нурка и да одзатнува канализација, и сé тоа го прави без никаква заштита, дури и без маска.
Како што пренесува Daily Mail, човеков работи во „Дака Сити Корпорејшн“ (прилично фенси име за компанија со вакви работни услови) и чесно си ја работи работата. Компанијата, за возврат, чесно му ја плаќа малата, скромна, никаква плата.
Работата му е „едноставна“ – ги отпушува затнатите цевководи. Тоа го прави ем без заштита, ем без никаква опрема, со голи раце. Користи само пар долги цевки, ама тие му служат за ориентација.
Престолнината Дака има повеќе од 14 милиони жители. Нема потреба да речеме, проблемите во канализацијата се многу често, посебно по неодамнешните поплави предизвикани од силните и долготрајни дождови. Очекувано, се зголеми и бројот на настрадани чистачи на канализацијата, но градот сé уште нема намера адекватно да ги опреми. Па што? Што им фали само по панталони, некогаш и само по гаќи?