Секој од нас има проблеми со непријатниот здив и без оглед на тоа кои се причините може да се ослободите од него со овие феноменални природни рецепти.
Освен гумите за џвакање постојат подобри природни начини да го освежите здивот. Непријатниот мирис вообиачено настанува од парчињата храна што се собираат на нашиот јазик, меѓу забите и на непцата. Бактериите во устата навлегуваат во храната и така испуштаат хемикалии кои имаат јак мирис, односно смрдеа. Лошиот здив настанува и поради расипани заби, проблеми со варењето, бронхитис, вирусни инфекции во усната шуплина…Во тој случај консултирајте се со лекар.
Покрај тоа што редовната хигиена на усната шуплина е многу важна (редовно четкање на забите, чистење на јазикот, користење конец, избор на соодветна четка и паста) постојат и природни трикови што може да го победат непријатниот здив.
Семе од анасон и каранфилче
Семето од анасон содржи масла кои имаат антибактериски својства. Само изџвакајте неколку семки и лошиот здив ќе исчезне.
Каранфилчето е одлично против забоболката, но неговиот пријатен мирис и благи етерични масла што ги содржи се одлични и за оваа намена, затоа што делуваат како орален антисептик и помагаат во „борбата“ со бактериите што го предизвикуваат непријатниот здив.
Магдонос и лимон
Со магдоносот најбрзо ќе се ослободите од непријатниот здив. Има антисептички својства и содржи хлорофил, а тоа е потребно за свеж здив. Делуваат само свежи листови. Изџвакајте ги кратко, може да ги плукнете или да ги голтнете. Може да искористите и листови од коријандер или свежи листови нане.
Устата може да ја исплакнете со мешавина од вода и лимон. А може да испиете и јака лимонада без шеќер. Киселината ги неутрализира мирисите, особено ако сте јаделе лук или кромид.
Масло од чајно дрво
Ова масло е потврдено како сосема сигурен и 100 процентен ефективен природен лек против непријатниот здив. Често се наоѓа во пастите за заби. Користете го, по неколку капки, за триење на забите или само натопете го конецот за заби во малку масло од чајно дрво.
Плакнење со солена вода и јаболков оцет
Устата може да ја исплакнете со солена вода. Ставете неколку лажици сол во топла вода и плакнете ја устата неколку секунди. Може да направите гаргара за чистење на грлото.
Ако често страдате од непријатен мирис пијте јаболков оцет (два лажици) растворен во чаша вода. Може да правите и гаргара.