Кандидата е проблем со кој се соочуваат сите припаднички на женскиот пол. Во секое тело има мала количина на кандида која помага при варењето и одржува рамнотежа која овозможува нормално функционирање. Меѓутоа, доколку таа рамнотежа се промени од некоја причина (храна, лекови или временски услови) кандидата навлегува во крвниот систем и ослободува одредени отрови. Намирниците во продолжение се добри во оваа борба.
Кандидата живее во човечкото тело, а проблемот настанува кога ќе почне прекумерно да се размножува. Оваа габа сака топли и влажни места, па затоа најчесто ја има во устата, цревата, желудникот и вагиналниот канал. На нејзиниот развој можат да влијаат многу нешта, од дијабетес, стрес и пад на имунитетот, до долготрајно користење на антибиотици и лоша исхрана.
Лук
Лукот е добар не само за салата или како додаток во исхраната туку и во медицината. Силната анти-бактериска состојка на лукот, го прави одлично средство во борба против кандидата.
Земете едно чешне лук и исчистете го од лушпите. Со помош на игла, првнете конец низ чешнето. Конецот оставете го да види исто како и кај тампоните. Покрај тоа, чешнето може добро да го завиткате во стерилна газа, со која лесно ќе може да го отстраните. Штом тоа го направите, лукот ставете го во вагиналниот отвор (како вагиналета) пред да одите на спиење. Овој третман најдобро е да го направите навечер, затоа што вкусот на лукот може да се осети во здивот. Ако сте ги забележале симптомите на време, доволен ќе ви биде само еден третман за да може потполно да ја излечите кандидата.
Кокосово масло
Во борба со кандидата кокосовото масло го зајакнува имунулошкиот систем. Лауринската и каприлна киселина во кокосовото масло спречува ширење на кандидата на тој начин што ја убива.
Зеленчук
Зелка, ротквица, брокули…Сите содржат сулфур што помага во борбата против кандида.
Алги
Алгите се богати со хранливи состојки. Поголем дел од луѓето кои имаат кандида, патат од хипертиреоза. така што морските алги кои се богати со јод, помагаат во балансирање на штитните жлезди. Тие истотака ги апсорбираат отровните супстанци од организмот и ги чистат цревата.
Здрав коктел
Состојки:
Чаша јогурт
2 чешниња бел лук
1 морков
½ лажица цимет и ѓумбир
Изрендајте ги сите состојки и додајте ги во јогуртот. Зачинете, па оставете го да отстои неколку часа. Можете да го консумирате како салата еднаш во денот.