Природна маска за освежување на кожата, по зимата

Зимата е сезона во која што честопати кожата се суши поради недостатокот од сончеви зраци, па неопходна е хидратација и постојана нега.

На почетокот на пролетта ве учиме како да ја озобновите вашата кожа на лицето, со помош на маска против сува кожа, чии што состојки ги имате во домот.

Маска со масло од кантарион

Оваа маска е идеална за чувствителна сува кожа, бидејќи ја одржува нејзината еластичснот.

Состојки:

2 лажици масло од кантарион

1 жолчка

неколку капки сок од лимон

Подготовка:

Маслото треба да биде на собна температура. Ставете две лажички во жолчката  и микасјте додека не добиете цврста смеса. Тогаш додадете лимон.

Нанесете од маската на вашето лице. По 30 минути измијте ја со студена вода.

- Реклама -