Природна аптека: Домашни напитоци против отоци на нозете

Жештините предивикуваат отекување на нозете. Затоа, ви претставуваме рецепт за два домашни напитоци кои ќе ја спречат оваа последица.
Доколку патувате или долго седите, ваквите проблеми се речиси неминовни. За да ги избегнете би требало да ги туширате листовите на нозете со студена вода. Воедно, избегнувајте да ги прекрстувате нозете и трудете се што помалку да стоите во место, или да седите предолго.

Она што дополнително можете да го направите е да подготвите природен напиток.

Иситнете лист или корен од магдонос и прелејте го со 4 дл. вода, а потоа поклопете го и оставете го да преноќи. Наутро исцедете го, додадете сок од лимон и напитокот е готов. Би требало да го пиете три пати дневно, по 1 дл.

magdonos

Можете да се обидете и со уште еден рецепт. Во литар вода, додадете четири лажици ленено семе и ставете го на рингла да се вари 15 минути. Поклопете го и оставете да отстои на топло место околу 1 час, па потоа додадете сок од лимон. Пијте чаша од напитокот на секој половина час, додека не го испиете, па правете така во следните десет дена.

framar_leneno_seme_za_otslabvane

- Реклама -