Природен лек кој брзо ќе ви помогне при непријатностите со синусите

Воспалението на синусите придружено со затнат нос, потешкотии во дишењето и главоболки знаат да бидат навистина иритирачки. Доколку сакате по природен начин да се решите од оваа појава, а притоа да го зајакнете имунолошкиот систем, направете си сами природен лек за ублажување на овие непријатни болки.

woman-headaches-620x360

Состојки:
– 1 мала чаша мед
– 1 мала чаша сок од лимон
– 5-7 глави ротквица
– 1 мал кромид
– 6 чешниња лук

Подготовка:

1. Зеленчукот убаво измијте го, отстранете ги лушпите од лукот, како и од кромидот, по што ќе го исечкате на четвртини.

2. Се заедно вметнете во блендер и добро измешајте додека не добиете изедначена смеса.

3. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Возрасните конзумираат по две лажици дневно (или доколку е потребно и по повеќе), а децата по една. Првите резултати ќе ги почуствувате по 24 часа.

- Реклама -