Типично за овој период од годината, кај многу од луѓето се јавува сува и долготрајна кашлица. Разните сирупи и таблети секако можат да помогнат, но лекот за трајно спречување на кашлицата го имате и во кујната – ловоров лист.
За да направите домашен сируп од ловоров лист, кој ја спречува и најупорната кашлица, потребни ви се:
• 6 ловорови листови
• 2.5 децилитри вода
• 6 лажици шеќер
• 1 лимон
(Се препорачува да користите кафен шеќер.)
Подготовката на сирупот е мошне лесна. Ја ставате водата во сад да зоврие. Во зовриената вода ги додавате ловоровите листови и ги варите уште 6 до 10 минути. Потоа водата во која се варел ловорот ја процедувате во друг сад, па во неа ги додавате шеќерот и лимонот. Добро промешајте и почекајте шеќерот да се истопи.
Сирупот пијте го неколку пати дневно. Можете да земате по една лажичка секогаш кога ќе имате силни напади на кашлица. Сирупот може да се чува во фрижидер неколку дена.
Што се однесува до ловоровиот лист, тој е богат со многу минерали и витамин Б. Има одлично антисептичко и противвоспалително дејство, што го прави одлично средство во заштита на имунитетот.
Ловоровиот лист одамна се користел како лек. Помага и за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, а влијае позитивно и на метаболизмот и хормонскиот статус.
Чајот од ловор се користи и за лечење на болести на органите за варење, при анорексија, губење на апетит, при шеќерни болести, грип, настинка и друго.