Природата помага: Излечете ги изгорениците од сонце за еден ден

Доколку ви се случило да „заработите“ црвена боја на кожата или се подготвувате за сончање, а имате чувствителна кожа, овој рецепт ќе ви дојде добро.

Заштитата на кожата во текот на излегувањето на сонце е императив, но доколку ви се случи да заборавите да се намачкате, па зарумените како рак после сончање, тоа може да го уништи одморот.

Ви предлагаме еден рецепт, кој ќе ги ублажи последиците од горење за еден ден.

Состојки:

Помешајте лажица јаболков оцет, четири капсули витамин Е и 200 грама свежа алое вера, откако претходно сте ги отстраниле листовите. Смесата сипете ја во тегла, затворете добро и промешајте. Нанесете ја на кожата, а претходно истуширајте се со млака вода.

Лекот чувајте го фрижидер и премачкајте се неколку пати во текот на денот.

- Реклама -