Приредете му совршено орално задоволство и уживајте во резултатите (+18)

Секоја девојка би требало да знае пријатно да го изненади партнерот таму доле, а мажите и тоа како го ценат тоа. Најдобриот начин е ако се држите до проверените основи на оралната умешност:

 

ПОЧНЕТЕ БАВНО

Ако пребрзо и пресилно го зграбите и се однесувате како правосмукалка, тоа нема да го воодушеви, дури може и да го исплаши. Трикот е во тоа да тргнете бавно со јазикот. Не сте сигурни како? Користете ги истите потези како кога лижете сладолед, со таа разлика што ќе имате на ум дека не лижете сладолед.

 

ПОВРЕМЕНО ПРИТИСНЕТЕ ГО ПОСИЛНО

Лижењето е супер на почетокот, ама како што расте возбудата, ќе посака и посилен стисок. Одржувајте го темпото, но земете и одмор ако ви се замори раката. Тоа не значи целосно да ја прекинете акцијата, туку да ја исполните паузата со други секси активности, нешто како интермецо на театарска претстава.

 

БЕЗ ГРИЦКАЊЕ

Главата на пенисот е многу чувствителна, па максимално потрудете се да не ја допирате со забите. Потребно е само малку искуство и внимателност за да ја совладате таа вештина, па не грижете се ако не успеете од прва. Само продолжете со акцијата, а штом доволно се возбуди, во моментот на страста нема ниту да почувствува ако малку го допрете со забите.

sweetest_by_naked_in_the_rain-d72yzfx

 

ПЛУКНЕТЕ ИЛИ ГОЛТНЕТЕ. И ДВЕТЕ СЕ ОК

Некои жени немаат проблем со голтањето. Ако не ви пречи, блазе си му, веројатно секој маж би бил задоволен од таквиот чекор. Но, ако вам ви е непријатно, сосема прифатливо е да ја свртите главата на страна и да плукнете во марамица. Можеби и на двајцата ќе ви делува како „технички аспект“ од играта која инаку би требала да е спонтана, но на крајот, нему нема да му пречи. Тој го добил она што го сакал – орален секс.

 

ПОКАЖЕТЕ МУ ДЕКА НАВИСТИНА ГО САКАТЕ ТОА ШТО ГО ПРАВИТЕ

Ако не е вистина дека уживате, подобро не го ни правете. Но, ако веќе уживате, малку ентузијазам може многу да му значи и да му го подобри целокупното искуство. Нему му се допаѓа тоа што му го правите, но потајно, тој се плаши дека вие тоа не го сакате. Опуштете се, стенкајте (не извештачено), играјте си со градите, извивајте го телото како да сте во екстаза, погледнете го во очи и дајте му до знаење дека го обожавате она што му го правите. Разликата ќе биде очигледна.

- Реклама -