Принт водич за пролет-лето 2013

Модните дизајнери ниту една сезона не го изоставуваат принтот на понудените модни парчиња. Исклучок не е ниту следната, пролет – лето 2013.

Лавина од принтови во различни бои, форми и тематики им се заканува на фустаните, корсетите, панталоните и шорцевите од идната сезона.

Кои ќе бидат најтренд дезените дознајте од следниов моден водич!

Графички принтови

Еден од клучните трендови за следната сезона е правилната и неправилната геометрија и монохроматскиот принт. Тоа го докажаа колекциите на Louis Vuitton и Marc Jacobs кои предност им даваат на линиите и квадратчињата, односно карираниот принт.

1

Анимал принтови

Фактот дека анимал принтот е присутен речиси секоја модна сезона не е изненадувачки. Овој пат предност доби од познатиот дизајнер Kenzo кој го видоизмени леопардовиот принт до непознавање и му го додаде автентичниот сафари печат. Познатиот американски дизајнер Jeremy Scott познат по соработката со Adidas помогна со оригинална принт идеја со боите како кожата на жирафата.

2

Цртежи

Dolce & Gabbana и Etro се првите дизајнери кои цртежите од марамите успешно ги пренесоа и на парчињата облека. Сложените геометриски форми, како и целите цртежи во хармонични бои и следната сезона ќе го разигруваат вашето расположение.

3

Цветни принтови

Пролетта не би била вистинска без цветните дезени, а дизајнерите тоа го знаат подобро од било кој друг. Поради тоа палтата од колекцијата Etro се во разигран источен стил и на нив цветаат лотоси, колекцијата на Gucci ја дополнуваат егзотични тропски дезени, а Mulberry за следната пролет – лето сезона предлага тотален цветен изглед особено на чевлите и аксесоарите.

4

Ретро принтови

Ретро принтовите нѐ носат во едно носталгично расположение. При погледот на апликациите на парчињата од Moschino во меморијата ни се враќаат спомените на кориците на школските тетратки, дезенот на Versace потсетува на старите чаршафи за на маса, а розите на Dior ни го враќаат мирисот на парфемите на нашите баби и изгледот на Grace Kelly.

5

Микс дезени

Искуството покажува дека брендовите кои сопствениот дизајнерски ДНК го засноваат на принтовите несомнено живеат славно. Пример за тоа се Mary Katrantzou, Peter Pilotto и Clover Canyon. За останатите тоа е пример и мотив како повеќе да посветуваат внимание на цртежите на нивните ткаенини и да ја усложнуваат колекцијата со застапеност на различни принтови.

ss13-mary-katrantzou-black

- Реклама -