Приказните зад модата и чадорите

intro_poteklo_moda.jpg Денес е толку вообичаено да се има чадор, спортски градник, чанта и чевли со зашилен врв што не ви ни паѓа на памет дека и овие предмети имале свој пат до сегашната секојдневна употреба. Дознајте ги приказните за потеклото на чевлите што ги облекувате секој ден и ќе имате нови интересни факти со кои ќе ги импресионирате соговорниците следниве денови.


Денес е толку вообичаено да се има чадор, спортски градник, чанта и чевли со зашилен врв што не ви ни паѓа на памет дека и овие предмети имале свој пат до денешната секојдневна употреба. Дознајте ги приказните за потеклото на чевлите што ги облекувате секој ден и ќе имате нови интересни факти со кои ќе ги воодушевувате соговорниците следниве денови.

Како започнала модата на чевли со зашилени врвови?
zashileni_chevli.jpg
mashki_shpic.jpg
shpic_shtikli.jpg

Денешниот вообичаен дизајн на чевли најпрво бил обожуван од благородници од Полска кои оваа мода ја претставиле во Англија на дипломатска посета некаде околу 1300 година. На почетокот се нарекувале по градот Краков (нешто како „краковски“) и биле толку долги што најчесто се употребувало синџирче врзано на врвот од кондурата и околу коленото за да не се влечат. Во 1363 година Англичаните се обиделе да го регулираат изгледот на овие чевли со закон, предложувајќи одредени величини за секоја класа. Обичниот народ смеел да носи чевли со врв долг до 15 cm, а на благородниците им биле дозволени нешто повеќе од дури 60 cm!

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

Кога почнале да се употребуваат чадори?

star_chador.jpg
chadori.jpg

Чадорите се употребувале уште пред илјадници години во Египет, Кина,
Јапонија и Месопотамија, но служеле исклучиво во сончево време да им
држат сенка на великодостојниците. Чадорите како заштита од дожд почнале
да се употребуваат дури во доцниот 17 и почетокот на 18 век. А требало
да минат уште стотина години пред напредокот на технологијата да
овозможи да се направат лесни, преносливи и достапни за секого.


Како се измислени ташните?

torba_za_pari.jpgplik_tashni.jpg

Многу одамна жените не носеле чанти, туку неопходните предмети ги чувале во вреќички врзани под облеката што можеле да ги употребуваат преку отвори (како шлицови) на здолништата. Но, околу 1800 година почнале да се носат потенки и понежни ткаенини, па не можејќи повеќе да ги кријат вреќичките под облеката жените почнале да носат мали чантички.


Кој ги измислил спортските градници?
jockstraps.jpg

sportski_gradnik.jpg

Во 1977 година 28 годишната студентка Lisa Lindahl трчала по 50 километри
неделно, а нејзиниот градник веќе не и` ги држел градите како што
треба. Затоа со помош на двајца колеги, Lisa зашила два пара машки
спортски заштитни гаќи, го создале спортскиот градник и веќе една
година подоцна основале компанија наречена Jogbra. Спортистките и` се
вечно благодарни!

- Реклама -