Приказна за морската ѕвезда

Еден човек се шетал по плажа, кога во далечината забележал маж кој  влегувал во водата, потоа се враќал на песокот, земал нешто и повторно влегувал во водата.

Човекот решил да отиде да види што се случува и кога стигнал, видел дека целиот песок бил покриен со морски ѕвезди кои, најверојатно, плима ги исфрлила на песокот.

Кога се приближил уште, видел како мажот ги носи една по една морските ѕвезди и  ги враќа во водата.

Набљудувачот збунето го прашал:

– Ти да не си луд? Постојат илјадници морски ѕвезди по целата плажа и брзо умираат, што ако спасиш неколку, каква е разликата?

Мажот го погледнал, потоа се наведнал да земе  уште една морска ѕвезда, отишол до водата и ја пуштил. Потоа му одговорил:

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

– Разликата е тоа што за неа сигурно има разлика.

Поука: Доколку некои работи во животот ви изгледаат бесмислени, размислете дали истите му ја менуваат смислата на некој друг, кој што во тој момент зависи од вас.

- Реклама -