Приказна за кралот кој успеал да разбере што сакаат жените

Живеел некогаш еден крал. Еден ден паднал во заробеништво на своите најголеми непријатели кои му поставиле необичен услов за да се спаси:

prikazna-kral-zeni

– Има само еден начин да ја избегнеш смртта. Треба да го најдеш вистинскиот одговор на едно прашање. Но, бидејќи тоа е исклучително тешко, ќе ти дадеме една година да го пронајдеш одговорот. Сега ќе те пуштиме, но ако не се справиш со задачата, ќе бидеш погубен. И така, прашањето е: Што најмногу сакаат жените?

Се вратил кралот во своето кралство, ги сослушал сите жени, но ниту една не успеала да му даде добар одговор. Веќе бил очаен кога еден старец го посоветувал:

– Оди во Старата Гора и побарај ја вештерката која живее таму. Таа го знае одговорот, но сигурен сум дека ќе платиш висока цена.

Отишол кај вештерката и таа му рекла:
– Да, го знам одговорот, но ако сакаш и ти да го дознаеш, ќе треба да се ожениш за мене.

Ја погледнал кралот вештерката – стара, грда,  валкана, парталава … и си помислил: “Не, подобро е да умрам!”
Но, откако размислил и се посоветувал со своите витези, кралот одлучил дека е подобро да ја направи оваа жртва, за да го спаси својот живот и царство.

Се вратил повторно кај вештерката, а таа ја слушнала неговата одлука и потоа му го открила одговорот:

– Жените, – рекла таа – најмногу од сè сакаат самите да управуваат со својот живот и да не им се попречува слободата.

Тоа бил достоен одговор и кралот го спасил животот, но морал да ја плати ужасната цена.

Направиле свадба и заедно до кралот завладеала ужасната вештерка. Но тој, како вистински витез ниту еднаш не ја покажал својата одбојност и аверзија кон неговата идна сопруга.

Дошла првата брачна ноќ, но кога кралот влегол во спалната соба, неочекувано видел во креветот прекрасна млада девојка, а од вештерката немало ниту трага.

– Што се случува? – прашал тој, а девојката одговорила:

– Затоа што се ожени со мене, ќе те наградам – половина деноноќие ќе бидам вештерка, а половина – девојка. Останува ти да избереш кога да бидам вештерка – во текот на денот или ноќта?

Се замислил кралот.  Да ужива во текот на денот заедно со убава девојка, а во текот на ноќта да спие со вештерка, или обратно? Но откако размислувал најпосле рекол:

– Оставам на тебе да избереш кога и каква да бидеш.

Девојката се насмеала и рекла:
– Затоа што ја испочитува мојата волја и ми даде слобода да изберам што да бидам, ќе ти дадам уште една награда. Оттука натаму секогаш ќе бидам оваа девојка.

И живееле среќно до крајот на животот. 🙂

- Реклама -