Наместо згодни навивачки и провокативно танцување, за време на полувремето на натпреварот меѓу Торото Репторс и Атланта Хокс, помеѓу кои е и Перо Антиќ, се случи пријатно изненадување за сите Македонци кои го следеа натпреварот.
Ансамблот „Илинден“ изведе краток настап од македонски ора, а Антиќ по завршувањето на натпреварот се заблагодари на сите организатори и присутни кои му помагаат да се чувствува како дома.
Погледнете ја снимката која ја направил еден македонски навивач: