Актерската постава на светски познатата серија “Пријатели” повторно ќе се обедини за снимање на специјал.
“Пријателите” ќе се обединат по 15 години со цел да снимат специјал, епизода која ќе се емитува по пат на стриминг сервисот “HBO Max”, а која започнува со работа во мај.
Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер уште еднаш ќе соработуваат и со тоа ќе ги израдуваат своите бројни фанови.
Пери на Инстаграм напишал “It’s happening…” (Се случува) и објавил фотографија од актерската екипа од 90-тите. По него, истата објава ја споделиле и останатите актери.
Серијата “Пријатели” се прикажуваше од 1994 до 2004 година, а последната епизода ја гледале 52,5 милиони луѓе во САД, што значи дека била најгледана во 2000-тите. Исто така, серијата подоцна привлече голем број помлади гледачи преку “Netflix”.
Гласините за новото “здружување на силите” се појавија кога Анистон објави заедничка фотографија од сите нив на Инстаграм во октомври.