На една ергенска забава во Холандија, пријателите на идниот младоженец по име Иво му подготвија една необична шега, која за кусо време стана вистински хит на YouTube со преку милион прегледи.
Имено, откако му ги преврзаа очите и нозете и го убедија дека се наоѓа на висок мост од кој ќе скокне банџи, го донесоа до ниска платформа од која го гурнаа во плиток базен.
За среќа, ваквите шеги очигледно се вообичаени во нивното друштво, па младиот Иво воопшто не се налути, и им се придружи во смеењето.