Прифатени дел од барањата на Села, Алијанса за Албанците ќе ги поддржи уставните измени

Ќе има нови дополнителни измени во Преамбулата на Уставот, соопшти премиерот Зоран Заев по денешната средба со лидерот на Алијансата за Албанците – Зијадин Села, на која се дискутираа барањата во насока на обезбедување на поддршка од двотретинско мнозинство за утрешното гласање за уставните измени.

Како што објасни Заев, прифатен е делот од барањата со кој од преамбулата на Уставот ќе се избрише делот „граѓани кои живеат во границите“ по кој се набројуваат сите заедници („… Албанци, Турци, Власи…“ итн.).

Ваквата формулација, образложи Заев, може да остави впечаток дека граѓаните Албанци, Турци, Роми, Власи, живеат само привремено во Македонија, затоа ќе биде отстранета.

Исто така, ќе се отстрани и второто споменување на „граѓаните“ во делот „… граѓаните на Македонија – македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ… итн.“. Со тоа ќе се покаже дека сите граѓани се „подеднакво еднакви“ пред Уставот, порача Заев. Според него, конечната формулација во Преамбулата ќе гласи:

Прочитајте и:  Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

„… граѓаните на Македонија – македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ… итн…“

Видео од изјавата можете да најдете на „Телма“.

 

- Реклама -