Angular cheilitis (кај нас повеќе позната како Хеилоза или аглест стоматитис) е воспалена повреда на аголот на устата која може да се појави на едниот или на двата краја на устата. Оваа инфекција многу често се препознава како хепрес, но мора да се напомене дека херпесот и хеилозата се две различни инфекции, кои можат да се појават во исто време.
Хелиозата започнува како длабока пукнатина или поделба на кожата на краевите од устата. Во ситуациите кога се влошува оваа инфекција, може да дојде и до мало крварење при широко отварање на устата, а може и да се појави плиток чир или да се формира кора.
Аглестиот стоматитис може да биде предизвикан поради недостатоци во исхраната, габична инфекција или многу ретко од бактериска инфекција. За да се утврди за каков вид на инфекција станува збор, треба да се земе бриз и да се испита. Ова многу многу брзо и лесно може да го оствари вашиот матичен лекар. Третманот за лечење на аглестиот стоматитис е условен од причината за неговата појава.
Природни третмани за хеилозата
Иако појавата на ранички може да се појави поради габична инфекција, или други патогени, студиите покажуваат дека нејзината појава најчесто е предизвикана од недостатоци на витамини и минерали во организмот.
За да го спречите развивањето на оваа инфекција, мора итно да се внесат рибофлавин(витаминот Б2), железо и цинк. Препорачливо е да се започне со појачана исхрана богата со овие витамини и минерали.
Разликата помеѓу херпес и хеилоза
1. Херпесот заздравува за 2-3 недели
2. најчесто се појавува на усните
3. Започнува со чешање/скокотливо чуство и со појава на едно или повеќе плускавци
4. Со тек на време сите мали плускавци се поврзуваат во еден голем плускавец кој на крај фаќа корупка и започнува да заздравува
1.Хеилозата трае повеќе од 2-3 неели
2.Се појавува само на краевите на устата
3.Се појавува како сува флека на кожата и се трансформира во црвен оток
4.Состојбата се влошува до оделување на кожата и остава отворени рани