Презентерка на кинеска временска прогноза нема остарено 22 години (фотки)

Додека обичните смртници секој ден пред огледало си откриваат по некоја нова брчка или бело влакно, Јанг Дан – 44-годишната презентерка на временска прогноза на кинеската државна CCTV, денес е иста како и пред 22 години, во ’96-та.

Ви текнува на ’96-та, така? Годината кога се палевме на Spice Girls, најкористен мобилен беше Nokia, а најпопуларна игра – „змија“. Дури и Викторија Бекам денес е како стара баба во споредба со таа од времето на Spice Girls.

Ама презентеркава од Кина не е, па на интернет почнаа да вадат секакви теории. Дека е клон, дека е робот, или дека сите временски прогнози емитувани во последниве 22 години биле снимени одеднаш – пред 22 години. Како инаку да се објасни ова?

 

- Реклама -