На конференцијата за новинари за ебола, сите очи беа вперени во преведувачот за глувонеми лица и неговиот драматичен настап.
Додека градоначалниот на Њујорк говори за првиот случај на ебола во градот, долгокос маж чиј што идентитет не е откриен изгледа како да дава се од себе, за да ја прикаже сериозноста на ситуацијата.
Секој пат кога треба да објасни поим, што има врска со смртоносниот вирус, тој дополнително го нагласува со широка гестикулација и гримаси.
Видеото од конференцијата, на која Де Балзио паѓа во втор план, барем на социјалните мрежи.
„ Преведувачот на конференцијата е ѕвездата на шоуто. Неговата гестикулација е непроценлива“, коментира еден корисник на Твитер, додека друг напишал дека е „хипнотизиран од неговите движења“.
Иако градоначалникот ги уверува граѓаните дека нема причини за паника, преведувачот очигледно мисли поинаку, па едвај се задржува на столицата додека објаснува.
Експертите велат дека во прашање е вистинси знаковен јазик, за разлика од она што често го гледаме како таков.