Претставник на НАТО: Војната во Украина нема да заврши ни во 2025 година

Војната во Украина нема да заврши во 2025 година, така што НАТО мора да биде подготвен да ја поддржи Украина барем уште неколку години, изјави висок претставник на НАТО за време на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

„На крајот на краиштата, сите ние треба да бидеме подготвени да продолжиме да ја поддржуваме Украина дури и по 2025 година. Како што веќе долго време кажувавме, ова не е конфликт што ќе заврши наскоро“, рече тој, истакнувајќи дека Русија „сигурно“ ќе може да го издржи животот во воената економија уште најмалку три или четири години, пренесува агенцијата „Униан“.

Тој оцени дека засега руското општество е подготвено за таков начин на живот. Вчера во Вашингтон почна јубилејниот самит на НАТО каде пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прочитајте и:  Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

Како што претходно беше објавено, сојузниците на НАТО ќе и обезбедат на Украина дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии Патриот донирани од Германија, САД и Романија, како и оружје од Холандија и Италија. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на самитот вети дека „енергично“ ќе ја брани Украина од Русија.

- Реклама -