Погледнете! Оваа гитара нема тело, а нема ни врат по кој можете да ги отсвирите најлудите шрединзи или арпеџиа (да, да се разбирам и во гитари) 🙂
Како и да е, ви ја претставуваме првата Gittler гитара во светот со футуристички изглед, целосно направена од титаниум. Гитара која очигледно нема никаква потреба од телото и вратот кој го имаат сите други “нормални” гитари.
Всушност, електричните гитари личат на гитари само затоа што постојано се копира единствениот дизајн на гитари кој настанал уште во 1930-ттте и никој досега не се обидел нешто претерано да експериментира со изгледот на гитарата и да направи од неа нешто навистина фасцинантно. Сето она дрво околу жиците кое е веројатно вишок во случајов е прашање на вкус, парче дрво кое Алан Гитлер, креаторот на Gittler гитарите, одлучи да го редуцира и да го изостави од својот дизајн со цел да ја создаде ултимативната минималистичка гитара во 1970-ттте.
Денеска, синот на Гитлер -Џонатан го продолжува идеализмот на својот татко и наследството кој тој му го остави, па реши да ја создаде, односно да ја репродуцира бас гитарата која веднаш го привлече вниманието на светската јавност. Оваа модерна гитара која е целосно направена од титаниум вклучува цилиндрични, но сепак ергономски карактеристики и се нарекува 6AL-4V Titanium. Во малечките дупки кои се сместени низ централниот канал на гитарата, се вградени и LED светилки, овозможувајќи и лесно свирење дури и во слабо осветлени простории.
[youtube]http://youtu.be/BlL7vzdhS5I[/youtube]
Оваа гитара која е 30.25 инчи долга и 3 инчи широка е првата гитара во светот целосно направена од титаниум, но и првиот модел кој вклучува шест сензори и конвертори (transducers) во една единечна гитарска единица, односно глава.
Иако оваа гитара е безглаво чудо, таа ги фасцинираше музичарите низ светот, а повеќето од нив го ценат и составот од кој се направени жиците- исполирани бакарни жици со прелив од специјален восок кој ја чува гитарата и жиците од било каква нечистотија и прашина…со години.
Tекстот е објавен во соработка со Socialnet.mk