Претставен Samsung Galaxy Note 3 – Најмоќната мобилна машина досега

JK Shin директорот на Samsung, традиционално на мобилниот саем во Берлин, го претстави новиот фаблет на компанијата кој е трет во серијата Note. Долгото очекување на овој 5.7 инчен уред е оправдано бидејќи носи голем број на позитивни промени.

note 3

Првата најлесно се забележува бидејќи за прв пат по долго време е употребен друг материјал освен пластика. Задната страна на Samsung Galaxy Note 3 е обложена со кожена прекривка која е сосема невообичаена за еден смартфон на Корејците.

Galaxy Note 3 presentación

Samsung Galaxy Note 3 ќе има тешка задача да се избори со се поострата конкуренција на фаблети каде е присутен и еден Sony Xperia Z Ultra, но моќта на Корејците е очигледна. Промени има и во дизајнот кој има правоаголна издолжена форма, а исто така е многу лесен со 168 грама и тенок 8.5 милиметри.

note tri

Најважниот момент кај Samsung е примената на мултифункционална алатка во софтверот за управување со вака голем уред како Galaxy Note 3, а применето е и ново функционално S пенкало кое сега може да се користи за многу нови намени. Нови софтверски алатки се Air Command, Action Memo,Scrapbook, Pen Window, S Finder и My Magazine.

galaxy-note-3(1)

Фаблетот работи на новата верзија на Android 4.3, ја има истатата 13 мегапикселна камера како и Samsung Galaxy S4, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор со брзина од 2.3 GHz и верзија со осум-јадрениот Samsung Exynos Octa процесор со брзина од 1.9 GHz.

Најголемото изненадување се употребените 3 GB RAM кои ќе се искористат за бројните мултифункционални апликации, додека пак за меморија се достапни 32 и 64 GB. Мала задршка имаме во делот на батеријата од 3.200 mah која е прашање колку долго ќе може да ја издржи работата на моќниот хардвер и 5.7 инчниот Super Amoled екран со Full HD резолуција.

note 3 ekran

Samsung Galaxy Note 3 започнува со продажба од 25 септември во САД и Јапонија, а подоцна се очекува и негов пласман во Европа, додека пак цената сигурно ќе биде поставена над 600 долари.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -