Претрес во Чаир, МВР пронајде поголема количина оружје

Во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, а по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, денеска лишен е од слобода 47-годишниот И.А. од Скопје, информира МВР.

При извршениот претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62×39мм, ловна пушка „Fabran“, пумпарица „SDASS“ кал.12/76мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство кал.7,62мм и осум ловни патрони.

Прочитајте и:  Кривична пријава против 25 вработени во МВР за несовесно работење во службата

Како што посочуваат од МВР, И.А. е приведен и задржан за понатамошно постапување, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.

- Реклама -