Престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа, убиен еден војник

Израелски и египетски војници денеска разменија оган во близина на граничниот премин Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

Според првичните информации, во инцидентот загинал египетски војник, а меѓу израелските сили нема жртви.

Израелските одбранбени сили потврдија дека по „инцидентот“ воспоставиле контакт со Египет.

„Пред неколку часа имаше инцидент и пукање на границата со Египет. Инцидентот е под истрага, дијалогот е во тек со египетската страна“, соопшти ИДФ.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -