Прес-конференција на министерот Филипче (ВО ЖИВО)

Во секој момент се очекува да започне прес-конференцијата на министерот Венко Филипче на која ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјава.

Како што претходно информираа од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата.

Од нив 7 се од Скопје, а 5 од Куманово. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (88)
– Дебар (40)
– Куманово (8)
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)

- Реклама -