Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК, ака. Антикорупциска) се прогласи за ненадлежна во случајот со вработувањето на шурнајката на министерот за економија – Крешник Бектеши, во струшката подружница на АД ЕЛЕМ и сомневањата дека, за кое има сомневања дека се случило со влијание на министерот. Како што објаснуваат од Антикорупциска, ненадлежноста се должи на тоа што шурнајка (сопруга на братот на сопругата, т.е. сопруга на шурата) не се смета за близок член од семејството.
Според Бектеши, пак, случајот е завршен и нема утврдено непотизам или конфликт на интереси. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека се работело само за обична административна грешка што требало да се пријави како вработување.