Премиерот Заев со честитка за 30 години постоење на Фондацијата „Отворено општество“ на Балканот

„Фондацијата Отворено општество одбележува 30 години постоење и работа на Балканот. Им честитам за тридеценискиот ангажман за тоа што беа и останаа борци и чувари на слободата и демократијата и за нивниот капацитет да иницираат, да поддржуваат и да вмрежуваат автентични граѓански идеи и акции“, порача премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук.

„Фондацијата во регионот во изминатите три децении ги промовираше принципите на отвореното општество и застапуваше за квалитетно учество на граѓаните во обликувањето на политиките во образованието, медиумите, јавното здравство, човековите права, женските права, правата на маргинализираните заедници, како и во сферата на социјалните, правните и економските реформи“, пишува премиерот.

Тој посочи дека македонскиот огранок на Фондацијата (Фондација Отворено Општество – Македонија) имал исклучителен придонес во афирмацијата на отвореното граѓанско општество, граѓанскиот активизам и инклузивноста на различностите и посебностите во заедницата, но и во интегративниот пат на државава кон ЕУ.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Во неколку секунди се покажа целото лицемерие на СДСМ, по историскиот грабеж на државата Заев и Филипче се журкаат во Дубаи

„Денес за поздравување е придонесот на ФООМ во процесите за забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, за зајакнување на мониторинг-улогата на граѓанското општество во поглед на транспарентноста и отчетноста – што е во согласност со политиките на Владата, интеграцијата на Ромите и на другите социјално маргинализирани групи, како и континуитетот во поттикнување на граѓанското учество и активизам, промоцијата на вредностите на мултиетничкото општество и вредностите на отвореното општество.

Честитки по повод јубилејот – 30 години Фондацијата Отворено општество на Балканот, со желби за натамошни успеси“, додаде премиерот.

- Реклама -