Прекрасната земја што е најслабо посетувана во Европа

Европа е преполна со дестинации и интересни катчиња што заслужуваат да бидат посетени. Дел од нив, меѓутоа, се наоѓаат токму на листата на најмалку посетуваните во Европа.

Според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), на самото дно на таа листа, конкретно за 2016-та година, е Сан Марино.

 

Сан Марино е целосно опкружена од Италија, а располага со неверојатни планински предели, како и три средновековни тврдини што не само што и предизвикуваат ништо помалку од восхит, туку нудат и неверојатна глетка. Историскиот центар на Сан Марино е прогласен од УНЕСКО за светско наследство.

Таму туристите можат да прошетаат и да уживаат на плажите, кои технички се во Италија. Потоа можат да го посетат историскиот центар на градот, а потоа и да се упатат кон некој локален ресторан и да ја вкусат локалната кујна и вино.

Сан Марино се протега на површина од 61.2 километри квадратни. Тоа е најмалата држава во светот. Можете да ја посетите со брз воз или со автомобил, тргнувајќи од Северна Италија.

- Реклама -