Прекина желки додека имаа секс. Мажјакот реши да се одмазди

Се се случи неверојатно брзо. Да знаеше желкава да зборува ќе речеше: „Е сеа све ќе му е*ам“.

Човеков прекина пар џиновски желки додека имаа секс. Мажјакот очигледно не е воопшто среќен. Тој буквално му се „нас’ска“ на презентерот на National Geographic и се впушти во екстремно бавна потера, се со цел да го гризне и да му наплати за тоа што ќе остане без секс. Сето ова за време на снимањето на документарец на Сејшелите.

Патем, очекувано е од мажјакот да биде решителен и да го избрка натрапникот од својата територија. Но, обично таа територија се протега во радиус од околу 5 метри. Во овој случај, презентерот (cockblocker-от, како што би рекле Американците) морал да бега дури 350-тина метри. Искрено? Ние би го бркале и подалеку.

- Реклама -