Прекин во електроснабдувањето на Запорожје, активирани безбедносните системи на нуклеарната централа

Москва, 25 август 2022 (МИА) – Руските сили што ја имаат контролата врз украинската нуклеарна централа „Запорожје“ соопштија дека дошло до дефект на безбедносниот систем во централата, што предизвикало испад од системот за напојување со електрична енергија на регионот.

Според руските сили, безбедносниот систем се активирал поради пожар што избувнал во близина на централата, последица на гранатирање. Пламенот избувнал поради краток спој во системот, при што откажале индикаторите на електричната мрежа.

Регионалниот началник за областа Никопол, Евхен Евтушенко, соопшти дека Русите палеле шума во Енергодар. Градоначалникот на Енергодар, Дмитро Орлов, изјави дека благодарение на градските комунални работници повторно е воспоставено напојувањето на Запорожје со електрична енергија.

Прочитајте и:  Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија

За прекин во електроснабдувањето соопшти и градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров. Без струја и вода останал и регионот Херсон.

- Реклама -