Преговорите помеѓу Јуве и Реал за Игуаин во прекин

Директорот на Јувентус, Бепе Марота потврди дека преговорите помеѓу двата клуба за трансферот на Игуаин се во прекин до назначувањето на нов тренер на Реал Мадрид.

Реал Мадрид сеуште е во потрага по наследник на Жозе Мурињо а прв пик за тренерското столче на Кралевите е Карло Анчелоти.

Јувентус се обидува да го ангажира Игуаин, но Марота вели дека Реал Мадрид ги блокира сите преговори за евентуални трансфери до назначувањето на новиот тренер.

„Во моментов Игуаин не е на трансфер пазарот, Реал Мадрид ќе чека додека не назначат нов тренер” – изјави Марота за Sky Sport Italia.

„Кога одлуката за нов тренер ќе биде официјална, повторно ќе се сретнеме со нив”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -