Модерниот тренд на користење антибактериолошки сапуни има негативен ефект кај младите луѓе. Кај тинејџерите кои секојдневно користеле ваков тип на сапун бил забележан зголемен ризик за развивање алергии.
Очигледно тинејџерите се премногу изложени на соединение наречено триклосан, кое може да се најде во неколку производи како сапуни, паста за заби па дури и пенкала. Алисон Аиело, асистент и примарен истражувач вели: „Откритието на триклосанот кај помладите возрасни групи може да ја подржи хипотезата за хигиената. Триклосанот може да има улога во менувањето на микро-организмите на кои сме изложени на начин кој ќе има ефект врз развојот на имунитетот.“
Таа додала: „Можно е личност да биде премногу чиста, што не е добро.“ И возрасните можат да страдаат од ослабен имунитет поради изложеноста на разни пластики. Пластиките содржат хемикалија наречена бисфенол А, која се користи и за обложување на лимот во конзервите со храна. Овие две хемикалии се класирани како токсини штетни за животната средина и голема е веројатноста дека истите имаат штетен ефект и врз здравјето на луѓето преку имитирањето или оштетувањето на хормоните.
Тимот од Училиштето за Јавно Здравје при Универзитетот од Мичиген, САД, извршил студија врз возрасни и малолетни субјекти постари од шест години користејќи податоци кои се однесуваат на алергии. „Откривме дека лицата постари од 18 години кај кои има повисоко ниво на изложеност на бисфенол А имаат повисоко ниво на антитела за цитомегаловирус, што навестува дека нивниот клеточен имунитет не функционира како што треба“ изјавила Ерин Рис Клејтон еден од истражувачите од тимот. [Being too clean ‘causes allergies in teenagers’]