Прегледани 198 пациенти во Гостивар во изминатите 24 часа, состојбата се стабилизира

Според информациите од Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани вкупно 111 пациенти, додека на Одделението за педијатрија се забележани 75 случаи, а во Ургентниот центар имало 12 пациенти.

Бајрами изјави дека не се забележани промени во клиничката слика на пациентите.

„Клиничката слика продолжува да се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура“, истакна Бајрами.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на прес-конференцијата вчера соопшти дека од почетокот на епидемиолошката состојба биле регистрирани речиси 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош. Клековски посочи дека првиот преглед бил извршен на 14 јули, а на 19 јули забележано е првото намалување на бројот на приеми, што според здравствените власти претставува прв сигнал за стабилизирање на состојбата.