Преглед Евролига: Дебакл на Партизан, Ѕвезда искоцка двоцифрена предност – Желгирис ја продолжи низата победи


Во седмото коло од Евролигата, кошаркарите на белградските тимови Партизан и Црвена ѕвезда впишаа нови непријатни порази.

Партизан одигра катастрофално на гостувањето кај турскиот претставник Фенербахче и беше поразен со 72:89, во веројатно најслабиот меч на тим што го води Жељко Обрадовиќ во неколку години.

Натпреварот започна тврдо, со малку поени од почетокот, а Фенербахче започна да се одлепува и да ја зголемува предноста во вториот дел од првата четвртина. Во една минута дојде до предност од седум поени, а таа разлика (22:15) се задржа и на крајот од првата делница.

Главната причина за тешкиот пораз на Партизан е големиот број загубени топки и исклучително лошите реакции во одбраната. Така, безброј пати кошаркарите на Фенербахче беа сосема осамени на шут за три поена, а се покажа дека на овој меч се особено расположени за овој сегмент. Фенер постигна дури 19 „тројки“ од 37 обиди, а Партизан само пет од 21 шута.

Најефикасен кај победниците беше Најџел Хејс-Дејвис со 24 поени, а го следеше Тарик Биберовиќ со 17. На другата страна најдобар беше Френк Ниликина со 14, а Алексеј Покушевски постигна 10.

Партизан сега има сооднос 2-5, додека Фенер 5-2.

Малку подоцна кошаркарите на Црвена ѕвезда во својата сала „Александар Николиќ“ и покрај сигурното водство од 14 поени во самиот финиш беше совладан од актуелниот шампиони Панатинаикос со 77:81

Натпреварот беше многу тензичен и возбудлив до самиот крај, а Ѕвезда со неодговорна игра на нејзините играчи успеа да ја прокоцка предноста од 14 поени што ја имаше на почетокот од второто полувреме. Гостите од Грција одиграа одлично во нападот во самата завршница, кога Милош Теодосиќ не реализираше удар за три поена и победа.

Кај Ѕвезда најефикасен беше Ајзеа Кенан со 20 поени,, додека Никола Калиниќ впиша 13 а Јаго дос Сантос 11 коша со седум асистенции.

Лоренцо Браун и Хуанчо Ернангомез беа најефикасни во тимот на Панатинаикос со по 12 поени и четири скока, Џериан Грант и Кендрик Нан по 11, а Костас Слукас 10.

Ѕвезда сега има 3-4 (четири последователни порази), додека ПАО е 5-2.

Жалгирис го победи Монако со 63:62 и го задржаа врвот на табелата со шест победи и еден пораз.

Пред два дена, Жалгирис во одличен и драматичен меч со кошот на Брајант Данстон во последната секунда ја победи Црвена ѕвезда. Драматично беше и против Монако, а решавачкиот кош го постигна Гидраитис Довидас на 58 секунди пред крајот на мечот. До крајот на натпреварот и двете екипи имаа шанси за кош, но резултатот не се менуваше.

Арнас Буткевичиус со 13 и Ален Смаилагиќ со 10 поени го предводеа Жалгирис до славјето, додека на спротивната страна најефикасен беше Џордан Лојд со 18 поени.

Тоа беше шеста победа за Жалгирис со еден пораз.

На полувремето од мечот вистинска драма се одвиваше на трибините на „Жалгирис Арена“. Еден гледач колабирал и лекарите морале да го реанимираат. Во арената бил користен и дефибрилатор за оживување на човекот, а локалните медиуми јавуваат дека по големи напори на лекарите успеале да го оживеат човекот и да го пренесат во болница.

„Пред да зборувам за спортот, бев информиран дека еден од нашите навивачи, Викторс, имал срцев удар за време на натпреварот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои му помогнаа. Му посакувам се најдобро. Благодарен сум на сите што се бореа за неговиот животот. Чао, Викторас, издржи“, изјави по натпреварот италијанскиот тренер на Жалгирис, Андреа Тринкиери.

Баерн ја забележа четвртата последователна победа, славејќи на гостувањето кај Асвел со 84;71.

Најефикасни во германскиот тим беа Девин Букер со 16 поени, Оскар да Силва со 15 и Шабаз Напиер со 12 поени. Хрватскиот кошаркар Данко Бранковиќ одигра нешто помалку од две минути за Баерн без постигнат кош.

Во домашните редови најефикасен беше Нандо де Коло со 19 поени и седум асистенции.

- Реклама -