Предности и недостатоци на гелниот лак

 

Гелниот лакот е долготраен и ефективен, а во последно време добива се повеќе популарност во бурното секојдневие. Има ли сепак овој брз и траен лак свои минуси?

Пред да се фрлиме на предностите и недостатоците на гелните лакови, ќе ви објасниме кратко што треба да знаете за овој тип на лак и за нанесувањето.

Гелниот лак можете да го направите во домашни услови или при маникир. Препорачуваме за поставување на гелниот лак да му се доверите на професионалец, бидејќи неправилната работа со него може да ги оштети ноктите за долго време.

Ставањето на гел  бара  и сет на материјали и инструменти, кои не секој ги има дома.

Прво се стругаат ноктите во  вашата посакувана форма. Потоа мора да се отстранат кутикулите. Потоа внимателно  се отстранува правот, а следен чекор е поставување на неколку основи  кои го подготват ноктот за гел.Добави описание

Доаѓа ред за првото печење на ноктите во UV лампата . Потоа се расчистува лепливиот слој со специјална течност. Се нанесува избраната боја и повторно се пече. Се нанесува вториот слој на гел и се става под лампа. На крајот се  нанесува специјално смирувачко масло за кутикули. Во најдобар случај, нема да мислите за посета на маникири во наредните 2 недели .

Предности на гелниот лак

Гелниот лак е погоден за луѓе со тенки и кршливи нокти.

Гелот  е долготраен. Погоден е за луѓе кои немаат време да посетуваат маникири  секоја недела.

Со помош на гелот може ноктите да се пролонгираат. Така ќе имате совршен нокти , без да чекате со недели да ви пораснат ноктите.

Недостатоци

Постојат студии според кои UV ламбата, им штети на ноктите и на кожата на рацете.

 

Ставањето на гел  чини 2-3 пати повеќе од нормални нокти. Според некои, пак, повисоката цена се компензира со тоа што лакот издржува 2-3 недели

Ако ставате гел лак повеќе од 7-8 пати, без да им дадете време на ноктите да „одморат“, може да дојде до оштетување на ноктните плочки.

- Реклама -